Џанан Муса МВП на колото во Евролигата

Феноменалниот босански кошаркар, Џанан Муса е прогласен за МВП на 29. коло во Евролигата. Тој одигра брилијантна партија за својот Реал Мадрид во победата над Милано со резултат 91-87. 

Наградата за најкорисен кошаркар на колото е сосема заслужена, Муса прикажа извонредна игра и беше убедливо најдобар на паркетот. Неговиот индекс изнесуваше 38, а го оствари со постигнатите 27 поени, на кои придодаде и три скокови, зачитени со три асистенции.

Муса успеа да украде и една топка, а врз него беа вкупно направени 11 прекршоци. Извонредниот Босанец беше на само чекор од неговиот рекорд сезонава кој го оствари во деветтото коло, а изнесуваше 28 постигнати поени. 

Со победата над Милано, Реал Мадрид останува на второто место во Евролигата со само една победа помалку од грчки Олимпијакос. Во следното коло „кралскиот клуб“ го пречека тимот на Виртус Болоња на домашен терен.