• Иван Димовски
Мајами Хит и Денвер Нагетс ќе ја преселат финалната серија во Флорида со нерешени 1-1. „Жешките“ одиграа одлична дефанзива и така дојдоа до „брејк“ во серијата. Интересно гледиште на ситуацијата има тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер.
Тој смета дека предводникот на Мајами посветува повеќе внимание на Џамал Мареј, отколку на Никола Јокиќ.
„Дефанзивата на Мајами беше клучна. Тие ги сомлеа, почнувајќи од Кевин Лав. Му овозможија на Батлер да го чува Мареј. Не сум зборувал со Сполстра, но видов дека на тимот му зборува:
„Мареј е главата на змијата, а не Јокиќ, како што сите мислат“, изјави Кер.
Мареј во вториот дуел заврши со 18 поени, што беше под неговиот просек од 23 по натпревар, а далеку од најдобрите партии сезонава.