Џалил Окафор како слободен играч потпиша за Атланта

Се ближи стартот на новиот шампионат на НБА лигата, а бројот на премини на кошаркарите од еден во друг клуб се зголемува.

Атланта денес потпиша со центарот Џалил Окафор. 25-годишниот кошаркар се приклучи на новиот тим како слободен играч. Претходно. Бруклин го отпушти Окафор, кој стана играч на Нетс преку размена со Детроит. 

Окафор минатата сезона настапи на 27 натпревари во НБА, постигнувајќи во просек по 5,4 удари и 2,4 скока.

Новата сезона во НБА лигата стартува на 22 декември.