Џабари Хиндс му се стави на располагање на МЗТ Скопје

Американскиот кошаркар Џабари Хиндс од денес е во Скопје и му се стави на располагање на македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје.

Хиндс, кој игра на двете бековски позиции, доаѓа со епитетот најдобар стрелец во Полска, настапувајќи за екипата на Кросно, во која на 30 средби просечно реализираше 21,7 поен заедно со 5,1 асистенција и 2,8 скока.

Претходно, две сезони настапувеш за Вест Вирџинија универзитетот, а ист период мина и во дресот на екипата од Универзитетот Масачусетс. Европската кариера ја почнува во тимот на Сигал Приштина (2016/17) со просек од 13,3 поени на вкупно 45 средби одиграни за оваа екипа. Потоа се сели во Унгарија, каде што игра за Атомерому, каде што на 34 средби просечно реализира 15,9 поени со 4,2 асистенции и 2,7 скока.

Бекот ќе почне да тренира во МЗТ Скопје од утре, кога ќе му се стави на располагање на тренерот Ѓорѓи Кочов и ќе се запознае со соиграчите.