Џабар за прославата на Леброн: Најголемите не го прават тоа...

Леброн

Леброн Џејмс заработи парична казна, поради провокативната прослава на гостувањето кај Индијана Пејсерс.

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс доби критики од страна на Карим Абдул Џабар. Најдобриот стрелец во историјата на НБА лигата смета дека таквото однесување не доликува на најолемите на сите времиња.

„За мене победата е доволна. Зошто мора да се прави глупав танц за да се докаже нешто? Нема смисла. Најголемите во историјата не го прават тоа“, смета Џабар.

Џејмс за гестот плати 15.000 долари. Оваа прослава првпат беше направена од Сем Кесел, а во изминатите години тоа го правеше и Френ ВанФлит од Торонто Репторс.

„Кралот“ го заврши натпреварот во Индијанаполис со 39 поени и шест асистенции.