Џа Морант од Мемфис избран за најдобар новајлија во НБА лигата

Кошаркарот на Мемфис Гризлис, Џа Морант е избран за НБА руки играч на годината. 

Признанието кое секоја година го добива најдобриот млад играч кој ја игра првата сезона во лигата, се враќа во редовите на Гризлис прв пат по 2001/02, кога го доби Пау Гасол.

Морант во својата прва сезона во НБА забележа просек од 17,6 поени со 6,9 асистенции и 49,1% шут од игра. Најдобриот поентер и асистент во Мемфис сосема заслужено го доби ова признание, кое минатата сезона му припадна на Лука Дончиќ.