Двократниот европски првак се раздели со еден од најискусните

Екипата на Анадолу Ефес остана без еден од носителите на играта во минатите години. 

Шампионот на Турција и двократен европски првак соопшти дека Брајант Данстон заминува од клубот по осум сезони. Анадолу Ефес му се заблагодари на Американецот за сè што даде за нивниот дрес. 

37-годишникот беше член на „пиварите“ од 2015 година и беше дел од екипата која двапати ја покори Европа. Низ кариерата, Данстон настапуваше уште за Олимпијакос, Варезе, Хапоел Холон, Бнеи Херцлиј, Арис и Мобис.