Двојаковски го замени Куманово со Академија ФМП

Dvojakovski

Екипата на Академија ФМП го претстави своето најново засилување. Се работи за центарот Оливер Двојаковски.

Младиот кошаркар доаѓа од редовите на Куманово и ќе биде одлична аквизиција за екипата на Александар Петровиќ.

„Тековната сезона ја започнав Куманово, но таа соработка заврши, при што се појави нова можност за мене во екипата на Академија ФМП. Благодарен сум на управата и тренерот кои ми ја даваат оваа шанса да напредувам и да се борам за своето место во тимот. Доаѓам во екипа која е амбициозна и дава шанса на младите играчи и во секој натпревар го дава својот максимум, воедно и работата на тренерот ми е позната од минатата година во екипата на Куманово“, изјави 23-годишниот Двојаковски.

Академија ФМП ја започна новата сезона со две победи на домашен терен и пораз на гости кај Еуро Никел.