Двејн Вашингтон e замената за Димитријевиќ во Баерн

Американскиот бек Двејн Вашингтон е нов кошаркар на Баерн Минхен, откако германскиот шампион официјално го потврди неговиот трансфер на почетокот на јули 2026 година. 

Американскиот кошаркар потпиша долгорочен договор кој има важност до 2028 година. Вашингтон во Минхен пристигнува од редовите на белградски Партизан, каде што беше еден од најдобрите стрелци и треба да биде директна замена за нашиот Ненад Димитријевиќ, кој потпиша за Арис од Солун.

Германскиот гигант во него гледа квалитетно засилување за бековската позиција и важен играч за новата сезона во Евролигата. Спортскиот директор на Баерн, Торстен Либенат изјави дека Вашингтон одговара на профилот на тимот, бидејќи е сè уште млад и не го достигнал својот евролигашки максимум.