ВИДЕО: Леброн како Стеф Кари - погоди од ПОЛОВИНА ТЕРЕН со звукот на сирената

Леброн Џејмс од половина терен

Како што се ближи почетокот на сезоната во НБА лигата, Леброн Џејмс полека фаќа ритам во својата нова екипа, Лос Анџелес Лејкерс

Сите очекуваат дека оваа година најдобриот кошаркар во светот да ја освои МВП наградата, а мала најава беше вчерашното издание против шампионот Голден Стејт Вориорс. Неговите соиграчи одиграа на посакуваното ниво и го срушија тимот на Стеф Кари и Кевин Дурант, а полувремето имаше перфектна завршница за „кралот“.

Тој прифати топка на половина терен, пред него беа Кари и Дурант, но тоа не го спречи да се подигне на шут од огромна далечина и да погоди со звукот на сирената. Публиката остана во неверица, а Леброн прослави на свој препознатлив начин.

Погледнете го шутот на Џејмс во Лас Вегас.