Две нови имиња од САД за посилна Академија ФМП

Новиот член на кошаркарската Прва лига на Македонија, Академија ФМП, доведе две нови засилување за остатокот од сезоната. 

Нови играчи на тренерот Гацов се Ноа Блантон и Александер Лонг кои доаѓаат од САД. Блантон игра на позицијата плејмејкер, додека Лонг е крилен центар, а според очекувањата двајцата ќе дебитираат уште овој викенд, кога новајлијата ќе се судри со лидерот Работнички

По четири одиграни кола во новиот шампионат, Академија ФМП е во опасната зона без ниту една победа.