Двајт Хауард се враќа во САД и ќе игра за седумкратниот НБА шампион?

Двајт Хауард би можел многу наскоро да се врати во НБА лигата и да го облече дресот на седумкратниот шампион, Голден Стејт Вориорс. Шпекулациите траеја подолго време, но американските медиуми најавуваат дека овој трансфер наскоро ќе се реализира. 

38-годишниот центар последен пат во НБА играше во сезоната 2021/22, и тоа во екипата на Лос Анџелес Лејкерс, а сега би можел да им се приклучи на феноменалните Стеф Кари и Клеј Томпсон и да ја има улогата на резервен центар во тимот. Дел од медиумите пишуваат дека Хауард сигурно ќе се приклучи на тимот за подготовките, а по завршувањето на претсезонските натпревари, ќе „падне“ конечната одлука за неговиот договор. 

Голема е веројатноста дека високиот кошаркар ќе потпише едногодишен ветерански договор со Голден Стејт и ќе се врати во САД од тајванскиот Тајуан Леопардс, каде просечно бележи по 23 поени и 16 скокови по натпревар. Секако дека овој просек би бил многу помал во НБА, а во последната сезона во најсилната светска лига, Двајт Хауард имаше просек од 6,2 поена и 5,9 скокови.