Двајца српски кошаркари нови имиња во КК Струмица

Кошаркарскиот клуб Струмица продолжува да го засилува својот ростер за дебитантска сезона во македонската кошаркарска елита.

Новиот прволигаш доведе уште едно познато име и потпиша со Светозар Стаменковиќ. Крилниот центар во Струмица доаѓа од редовите на Здравље Лесковац, а претходно во својата кариера ги бранел боите уште на Кошице, Приевиџа, Црвена Звезда,  Борац Чачак, а една сезона настапуваше и за Црн Дрим.

Во минатиот шампионат Стамнековиќ имаше одлични бројки во дресот на Здравље Лесковац и сезоната ја заврши со просек од 12,3 поени и 5,8 скока.

Исто така, ново име во КК Струмица е и Стефан Крстајиќ. Плејмејкерот доаѓа од КК Пелистер и се очекува да биде големо засилување за новајлијата. Има искуство во мак-баскетот во изминатите години, затоа што пред да дојде кај битолчани беше лидер во Академија ФМП.