Двајца Аргентинци и двајца Шпанци меѓу кандидатите за МВП на Мундобаскетот

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) го објави скратениот список на кандидати за МВП признанието на Мундобаскетот. 

12 имиња се кандидати за ласкавото признание кое ќе биде доделено в недела на церемонијалот на свечено прогласување.

Кандидати за МВП признанието: 
Факундо Кампацо (Аргентина)
Луис Скола (Аргентина)
Рики Рубио (Шпанија)
Марк Гасол (Шпанија)
Пети Милс (Австралија)
Џо Инглес (Австралија)
Руди Гобер (Франција
 Еван Фурние (Франција)
Томаш Саторански (Чешка)
Матеуш Понитка (Полска)
Донован Мичел (САД)
Богдан Богдановиќ (Србија)

В недела од 14:00 часот по средно европско време се игра финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина.