Два српски тима и Валенсија на Нено ќе заиграат во Евролигата?

Во текот на утрешниот ќе се знае познатот за Евролигата во следната сезона. 

Десетте акционери Реал, Барса, Басконија, Макаби, Панатинаикос, Олимпијакос, Фенербахче, Ефес, Олимпија и Жалгирис, а можеби и ЦСКА ќе имаат свое место. Покрај нив, тука се сопствениците на лиценци Баерн, Асвел, Алба, освојувачот на Еврокупот Виртус, Монако како тим кој беше во плеј-офот и има уште три места. 

Едното е стандардно за освојувачот на АБА лигата, но со исклучувањето на Русите се отвори можност. Според најавите, Србија би можела да добие дури два претставници во Евролигата, финалистите во јадранското првенство, Партизан и Црвена Звезда. Доколку не се смени ситуацијата со руските клубови, големи се шансите Србите да имаат два тима во елитата. 

Последното празно место се очекува да го пополни екипата на Валенсија и Ненад Димитријевиќ, кој така ќе заигра во најпрестижното клупско натпреварување на континентот.