Два повратници во Црвена Звезда: Кузмиќ и Џенкинс засилувања за Евролигата

Шампионот на АБА-лигата, белградска Црвена Звезда пред неколку дена го доведе Дерик Браун како големо засилување, а денес потврди уште две нови имиња, со кои ќе биде далеку посилна следната сезона

Враќањето во Евролигата ги привлече ѕвездите да дојдат во Белград , а од денес двајца поранешни кошаркари повторно се дел од „црвено-белата“ половина на градот. Чарлс Џенкинс и Огњен Кузмиќ потпишаа договори на една сезона.

Џенкинс третпат ќе го облече дресот на „црвено-белите“, беше и МВП на финалето од АБА-лигата во 2017 година и остави силен впечаток и меѓу навивачите. Тој доаѓа од Химки, каде во Евролигата имаше просек од шест поени и две асистенции по натпреварот.

Кузмиќ се враќа од Реал Мадрид, откако поради честите повреди не доби шанса во последните две сезони кај шпанскиот шампион.