Два италијански гиганти „кршат копја“ за Ненад Димитријевиќ

Плејмејкерот на македонската кошаркарска репрезентација, Ненад Димитријевиќ е на листата на желби на Олимпија Милан и Виртус Болоња, пренесуваат италијанските медиуми.

Одличните партии на Димитријевиќ во дресот на Уникс Казањ (19 поени, 6,6 асистенции, 3,6 скокови и 1,3 украдени топки во просек во ВТБ лигата) не останаа незабележани и црвено-белите и црно-белите од Серија А ќе направат сè за да го привлечат Нено во неговите редови (некои извори тврдат дека тој веќе се договорил за тригодишна соработка со миланскиот клуб).

Сепак, овие евролигаши не се единствените заинтересирани за Ненад Димитријевиќ. Го посакуваат многу клубови (се споменува Фенербахче), па Уникс сигурно ќе направи сè за да го задржи.