Душан Танасковиќ замина од МЗТ Скопје и ќе игра во АБА лигата

Македонскиот кошаркарски првак, МЗТ Скопје, во следната сезона ќе остане без услугите на младиот српски центар Душан Танасковиќ. 

23-годишникот по една сезона мината во таборот на „штрковите“ се врати во Србија и ќе настапува за екипата на Мега Баскет. Со овој клуб Танасковиќ во новата сезона ќе настапува во АБА лигата. 

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by KK Mega (@bcmegabasket)

Изминатата сезона Танасковиќ имаше забележителна улога во МЗТ Скопје, во АБА-2 лигата играше со просек од 12,2 поени и 5,6 скока, а одигра важен дел и во освојувањето на двојната круна во мак-баскетот. 

Поранешниот младински репрезентативец на Србија пак ќе игра во родната земја, откако претходно беше дел од Партизан, Дунав и Земун, додека во Босна и Херцеговина настапуваше за Игокеа и Борац.