Дури 16 позитивни случаи во последната фаза тестирања од НБА лигата

НБА

НБА лигата потврди дека 16 кошаркари добиле позитивни резултати од последната фаза тестирања во текот на оваа недела.

Најсилната лига на светот започна со задолжително тестирање овој вторник. Тоа ќе биде случајот се до 11 јули, кога се очекува екипите да пристигнат во Орландо, каде сезоната ќе биде комплетирана.

Планот е на Флорида да се прават двојно повеќе тестови, на секои 36 или 48 часа, со цел да се зголеми безбедноста во пресрет на натпреварите.

Докторите им препорачале на сите кошаркари да останат во самоизолација и да не ризикуваат заразување со коронавирусот во наредниот период. Тоа ќе биде под контрола на лигата кога сите екипи ќе бидат дел од луксузниот резорт „Дизниленд“.

НБА лигата ќе продолжи на 30 јули, а ќе заврши со финалната серија за титула во октомври.