Дурант: Зошто Дончиќ е најдобар? Не мораше да оди на часови, да учи во читални...

Една од најголемите НБА ѕвезди во овој момент, Кевин Дурант верува дека ја знае главната причина за неверојатните бројки кои оваа сезона ги запишува Лука Дончиќ, иако ја игра само првата сезона во најквалитетното кошаркарско натпреварување на светот. 

Членот на Голден Стејт Вориорс вели дека предноста на словенечкиот плејмејкер е тоа што кошаркарската игра ја учеше во Европа, и за разлика од американските надежи не морал да оди на часови, ниту пак да седи во читални. 

„За кошаркар од 19-години е неверојатно да има просек од 20 поени, шест скока и пет асистенции. Тоа се бројки кои можат да те одведат на Oл-стар, но на таа позиција конкуренцијата е преголема. Дончиќ е фантастичен кошаркар, и има среќа што оваа игра ја учеше во Европа, а не во САД. Тука, неговите врсници мораа да одат на часови и да учат во читални. Тоа е неговата предност, и уште од првата сезона може да се види дека е моќен и не се плаши од никого. Моментално е најдобриот руки во НБА оваа сезона“, рече Дурант. 

Пред три ноќи Дурант беше поуспешен од Дончиќ, откако го водеше својот тим до победа над Далас Маверикс