Дурант третпат прогласен за кошаркар на годината во САД

Во турболентната 2021 година, препочна со ковид-проблеми и одложувања, прво име на американската кошарка пак е Кевин Дурант.

Човекот кој го освои својот трет олимписки златен медал со американскиот тим е прогласен за кошаркар на годината во Соединетите Американски Држави за 2021 година.

„Многу сум благодарен за можноста и благодарен што ја добив оваа награда“, кратко изјави Дурант.

Кошаркарот на Бруклин Нетс претходно наградата ја доби во 2010 година, а во 2016 година ја подели наградата со Кармело Ентони. Дурант стартуваше во сите шест олимписки натпревари за американскиот состав и остварти просек од 20,7 поени, 5,3 скока и 3,7 асистенции по натпревар.