Дурант шокиран од атмосферата на Пирејa: За ова во САД се оди во затвор (ВИДЕО)

Дурант

Кевин Дурант беше присутен на кошаркарскиот натпревар меѓу Олимпијакос и Монако, кој заврши во полза на грчкиот гигант. НБА ѕвездата не можеше да поверува што се случува во салата. Домашните навивачи приредија шоу за да го прослават пласманот на завршниот турнир во Евролигата.

„Апокалипса“ , кратко напиша Дурант на социјалните мрежи и сподели дел од случувањата на трибините.

Еден од навивачите направи споредба меѓу европските и американските фанови и предизвика реакција од кошаркарот на Бруклин Нетс.

„Запали факел на НБА натпревар и би можел да завршиш во затвор (Рајкерс)“.

Претходно Дурант беше присутен и на четвртиот натпревар, кој Монако го доби на домашен терен и избори „мајсторка“ во Атина.