ВИДЕО: Дурант провоцираше по ЛОИ, Бостон му се одмазди со „метла“

Дурант

По освојувањето на златниот медал на кошаркарскиот турнир на Летните Олимписки Игри во Токио со Соединетите Американски Држави, Кевин Дурант беше доволно храбар да испрати провокација кон репрезентативните соиграчи кои настапуваат во Бостон Селтикс.

Четирите порази во низа на Бруклин Нетс во првото коло се причина ова видео одново да е актуелно во јавноста. На истото се гледа како ѕвездата на „мрежичките“ се шегува на сметка на Селтикси, кои му нанесоа болен пораз во доигрувањето оваа сезона.

Медиумите испратија големи критики на сметка на Дурант и Нетси, кои пред почетокот на сезоната беа први фаворити за трофејот. Бостон не покажа милост и со „метла“ се пласира во следната фаза од НБА плеј-офот.