Дурант не се согласува дека европските кошаркари доминираат во НБА лигата

Luka

Кевин Дурант испадна во плеј-офот со Бруклин Нетс уште во првото коло од Бостон Селтикс. Американскиот репрезентативец го искористи слободното време за да ја посети Европа и да ужива во дел од натпреварите од Евролигата.

Во период кога Никола Јокиќ ја освои втората последователна МВП награда, ѕвездата на Нетси беше запрашан што мисли за доминацијата на европските кошаркари во НБА лигата.

„Јокиќ и Дончиќ се „аномалии“, но не и стандард во НБА лигата. Поради тоа мислам деак лажна е приказната дека европските кошаркари доминираат преку океанот“, изјави Дурант.

33-годишникот, кој важи за еден од најдобрите шутери на сите времиња, имаше можност да ужива во спектакуларната атмосфера на Пиреја, кога Олимпијакос преку Монако обезбеди пласман на завршниот турнир во Евролигата.

Дурант шокиран од атмосферата на Пирејa: За ова во САД се оди во затвор (ВИДЕО)