ВИДЕО: Дурант не можеше сам, Милвоки избори „мајсторка“ против Бруклин!

Мидлтон

Милвоки Бакс го одбрани домашниот терен и избори седми натпревар во серијата против Бруклин Нетс (104-89).

Домашните кошаркари одиграа на посакуваното ниво и го искористија отсуството на Кајри Ирвинг за да израмнат на 3-3. Следниот дуел се игра во „Бруклин Центар“, каде ќе се одлучи патникот во конференциското финале.

Крис Мидлтон одигра фантастично и постигна 38 поени, а додаде и десет скока. Неговиот партнер во нападот Јанис Антетокумбо му помогна со 30 поени и 17 скока. Тие двајца беа најзаслужните за овој успех на Бакси, кои добија три од четирите периоди од натпреварот.

На спротивната страна сам не можеше Кевин Дурант. Неговите 32 поени овојпат не беа доволни за да се заврши серијата. Џејмс Харден настапи, но поради проблемите со повреда, не беше голема опасност за противничката одбрана.

Последниот натпревар од оваа серија е закажан за в сабота.