Дурант ќе паузира една година и ќе остане во Голден Стејт!?

Кевин Дурант повреда

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата Кевин Дурант ја обнови повредата и си направи големи проблеми во пресрет на летото во кое требаше да одлучува за својата иднина.

Во петтиот меч од финалето во НБА лигата, ѕвездата на Голден Стејт одигра само 12 минути и потоа со помош на своите соиграчи замина во соблекувалната.

Најверојатно се работи за скината тетива, што ќе го натера шутерот да прави голема пауза. Истата би можела да трае до една година и би претставувала мал проблем за можноста да добие максимален и долгорочен договор од некоја екипа.

Предвидувањата се дека тој ќе остане уште една година во редовите на актуелниот НБА шампион и ќе прифати заработка од 31 милион долари.