Дурант ќе добие нов договор со Голден Стејт Вориорс

Најдобриот кошаркар на Голден Стејт Вориорс, Кевин Дурант ќе потпише нов договор со шампионот во НБА лигата. Активниот двегодишен договор со вкупна вредност од 51 милион долари има опција да биде прекинат по првата година.

Максималниот договор што Дурант може да го добие е 158 милиони долари за четиригодишна вредност. Дурант во регуларниот дел од сезонава запиша 26,4 поени, 6,8 скока и 5,4 асистенции во 68 натпревари.

Голден Стејт е на само една победа до втората по ред шампионска титула во најсилната кошаркарска лига во светот.