• Мартин Танасковски
Кошаркарската селекција на Соединетите Американски Држави во финалето ја совлада Франција и дојде до златниот медал, а овој меч беше историски за Кевин Дурант.
35-годишниот член на Феникс Санс ги играше своите четврти Летни Олимписки Игри и така стана првиот играч кој се закитил со четири златни медали во историјата. Двократниот МВП на финалињата во НБА има златни одличја на Летните Олимписки Игри во 2012, ЛОИ 2016, ЛОИ 2021 и Летните Олимписки Игри во 2024 година.
Кевин Дурант со ова достигнување ја комплетира легендата во американската кошарка, каде исто така важи и за најдобар стрелец на Соединетите Американски Држави во олимписката историја.