ВИДЕО: Дурант и Нетси пред елиминација, Минесота израмни во серијата со Мемфис

Кошаркарите на Бостон Селтикс го совладаа Бруклин Нетс со 109-103, благодарение на уште едно блескаво дефанзивно издание и со тоа поведоа со 3-0 во серијата од првото коло од плеј-офот на Источната конференција на НБА.

Селтикси ги принудија Нетси да загубат дури 21 топка, кои ги претворија во 37 поени. Џејсон Тејтум имаше шест украдени топки, а натпреварот го заврши со 39 поени, 5 скока и 6 асистенции. Џејлен Браун постигна 23 поени, 4 скока и 5 асистенции, а Маркус Смарт реализира 14 поени, три скока и шест асистенции.

Кај поразениот тим Кевин Дурент упати само единаесет удари кон кошот, погоди шест, и заврши со 16 поени, осум скока, но имаше и пет загубени топки. Кајри Ирвинг даде 16 поени , а најефикасен беше Брус Браун со 26 поени.

Кошаркарите на Минесота Тимбервулвс пак одново го надиграа тимот на Мемфис Гризлис со 119-118 и со тоа израмнија на 2-2 во воведната серија во Западната конференција.

Натореварот во Минеаполис беше возбудлив, но не толку колку што покажува конечниот резултат. Дезмонд Бејн погоди тројка со звукот на сирената за -1, а пред тоа постигна уште една. Сепак, Едвардс и Таунс беа сигурни од белата линија и не си дозволија да ја испуштат победата по +7 на минута и пол до крајот.

Карл-Ентони Таунс на вистински начин одговори на критиките и беше најефикасен со 33 поени, 14 скока и 3 асистенции. Споменатиот Бејн ги предводеше Гризлиси со 34 поени, додека Џа Морент постигна 11 поени.