Дурант и Ирвинг го носат Попович во Бруклин Нетс!?

Екипата на Бруклин Нетс ќе има нов тренер, а на големо се споменува името на легендата на светската кошарка, Грег Попович.

71-годишникот го води Сан Антонио Спарс веќе со години, но и покрај неговата возраст, тој е желба на Бруклин Нетс. Наводно, барањето доаѓа преку двете ѕвезди Кевин Дурант и Кајри Ирвинг, кој сакаат искусен тренер на столчето.

Американските новинари велат дека „мрежичките“ подготвуваат висока понуда за Попович и ќе се обидат да го натераат да дојде во тимот.

Легендарниот Грег Попович цели 26 години работи во Сан Антонио Спарс, а зад своето име има пет НБА-титули.