Дурант и Букер блескаа против Далас на Дончиќ

Екипата на Феникс Санс направи подвиг и успеа да слави во мечот на гостувањето кај Далас Маверикс (126-130) во Тексас и така ја забележа третата победа во серија во НБА-лигата.

Далас водеше во поголемиот дел од средбата која беше во европски термин и беше спектакуларна за љубителите на кошарката. Главните играчи Дончиќ и Ирвинг беа феноменални, но на крајот не најдоа лек за ѕвездите на спротивната страна, Букер и Дурант.

Мал проблем за Далас беше и повредата на Дончиќ поради која тој мораше во соблекувалната за време на вториот квартал. Мечот го решија тешките поени на Дурант за 126-128 на крајот. Токму Дурант беше најефикасен со 37 поени и седум скока.

На листата кај Феникс по Дурант следеше Букер со 36 поени, додека кај Далас, Дончиќ заврши со 34 поени, пред Ирвинг со 30 поени.