Дурант го прогнозираше НБА финалето и освојувачот на шампионскиот трофеј

Дурант

Едно од најзвучните имиња кои се надвор од конкуренција оваа сезона во НБА лигата е Кевин Дурант. По заминувањето од Голден Стејт, одличниот шутер сè уште не го направил дебито за Бруклин Нетс, поради повредата на ахиловата тетива.

Запрашан за фаворитите оваа година, двојниот шампион одговори дека според него Лос Анџелес Клиперс на крајот од сезоната ќе се радува на титулата.

„Ако морам да бирам, тогаш ќе речам Лос Анџелес Клиперс. Но, никогаш не се знае што ќе се случи во финалето. Предвидувам дека таму ќе игра Милвоки Бакс“, изјави Дурант.

Моментално екипите го доигруваат регуларниот дел од сезоната, а на половина од август се очекува да го започнат плеј-офот. Финалната серија е закажана за октомври.