Дурант: Го победив Леброн двапати во финалето – ако тој е најдобар, тогаш што сум јас?

Леброн

Леброн Џејмс потврди дека е најдобар кошаркар во НБА лигата, со изданието во финалната серија по која Лос Анџелес Лејкерс стигна до нова титула.

Со оваа констатација не се согласува ѕвездата на Бруклин Нетс, Кевин Дурант. На едно последно интервју тој индиректно рече дека е подобар од својот голем ривал.

„Луѓето се обидуваат да ги девалвираат освоените титули. Ќе ја кажам вистината. Мислам дека тие две мои титули со Голден Стејт се најважни во таа ера. Во финалето се сретнав двапати со Леброн и тој загуби и во двата наврати. Ако тој е најдобар, тогаш што сум јас?“ , рече Дурант.

Многумина не сметаат дека титулите со Вориорси значат многу за Дурант, со оглед на доминантна екипа која беше на располагање на Стив Кер.