• Иван Димовски
Кошаркарите на Хјустон Рокетс славеа во домашниот дуел против Њу Орлеанс Пеликанс (119-110) во НБА лигата. Смит Џуниор беше најдобар во редовите на Хјустон со 32 поени, додека кај Пеликанси се истакна Марфи со 21.
- Хјустон Рокетс - Њу Орлеанс Пеликанс:
Овој натпревар го одбележа и Кевин Дурант, иако не беше најдобар на паркетот. Ѕвездата на Рокетси уфрли 18 поени и официјално го надмина Дирк Новицки по бројот на постигнати поени во кариерата. Сега Дурант со 31.562 поени е на шестата позиција, оставајќи го Новицки на два поени помалку. Следен на листата е Мајкл Џордан, но тој е далеку со 32.292 поени.
Лос Анџелес Лејкерси предводени од Деандре Ејтон и Лука Дончиќ убедливо славеа дома против Торотно Репторс (110-93). Двете ѕвезди на Лејкерси уфрлија по 25 поени, а Ејтон имаше и 13 скока, додека одлична партија одигра и Леброн Џејмс кој го заврши мечот со 24. Од Торонто се истакна Барнс со 22, Мамукелашвили уфрли 20, а Инграм заврши со 19 поени.
- ЛА Лејкерс - Торонто Репторс:
На останатите терени Чикаго го победи Бруклин, Шарлот слави во Денвер, а Портланд триумфира во Сакраменто. Во европски услови во „О2 Арената“ во Лондон Мемфис се радува против Орландо.







