ВИДЕО: Дурант го мина Мело и стана најдобар стрелец на САД на ЛОИ

Кевин Дурант на натпреварот против Чешка влезе во историјата на Соединетите Американски Држави (САД) како прв стрелец во историјата на Олимписките игри.

Дурант го заврши натпреварот со 23 поени, а на листата успеа да го мине Кармело Ентони. 37-годишниот член на Портланд беше лидер на листата со 336 поени, арно ама Дурант на овој собир во Токио стана лидер.

  • Поените на Дурант за историја:

САД се мачи да го прикаже најдоброто од себе на овие ЛОИ, меѓутоа се уште играчите од НБА-лигата важат за главните фаворити за златниот медал.