• Иван Димовски
Кошаркарите на Дубаи забележаа победа во дуелот против фаворитот Партизан (80-72) во 23. коло на АБА лигата.
Средбата во „Кока Кола Арената“ во Дубаи во целост му припадна на домаќинот. Имаше домашниот тим двоцифрена предност уште во првата и втората четвртина, а на полувреме се замина со 41-29. Партизан имаше моменти кога се враќаше во продолжението, но Дубаи успеваше да се врати во позитива.
Иако домашните од 56-41 дозволија враќање на Србите до 63-60, следеше консолидирање. Дубаи имаше повеќе концентрација во завршницата и го совлада лидерот во лигата.
Карлик Џонс со 16 и Брендон Дејвис со 15 поени беа најдобри во гостинскиот табор, додека кај Дубаи се истакнаа Абас со 14, по 12 поени уфрлија Анѓушиќ и Масон, 11 имаше Препелиќ и со десет мечот го заврши Бутсиеле.