• Саше Љолес
Екипата на Дубаи оствари огромен триумф над Сплит во првото коло од АБА лигата (92-58), но остана без повредениот Џанан Муса, кој ќе отсуствува од терените најмалку две или три недели.
Босанскиот репрезентативец незгодно падна на коленото при крајот на првото полувреме, по што веднаш замина во соблекувалната и повеќе не се врати на паркетот. Тој веќе се огласи на социјалните мрежи, каде напиша „Мала узбуна, но ништо страшно. Се гледаме за некоja неделa, ако даде Господ“.
Муса на теренот мина нешто повеќе од осум минути. Постигна седум поени во убедливата победа на Дубаи.







