• Саше Љолес
Она што беше најавувано подолго време, конечно доби официјална потврда. Најкорисниот кошаркар на АБА лигата, Мекинли Рајт, официјално е нов играч на евролигашот Дубаи.
Новиот член на елитата веќе се засили со Џанан Муса од Реал Мадрид и Алекса Аврамовиќ од ЦСКА Москва, а со Рајт ќе добие уште повеќе на цврстина во ростерот, особено на надворешните позиции.
Дубаи не запира тука и веќе најави нови засилувања, а како потенцијални нови аквизиции се споменуваат Џастин Андерсон од Барселона, Кенан Камењаш од Будуќност и Мфионду Кабенгеле од Венеција.
ФОТО/PHOTO: ABA liga
