• Саше Љолес
Поранешниот кошаркар на Мега, Црвена Звезда и Партизан, Немања Дангубиќ, потпиша договор со екипата на Дубаи, клуб кој следната сезона за првпат ќе настапува во АБА лигата.
Дангубиќ минатата сезона играше во Грција, најпрво во Промитеас, а потоа и во екипата на Перистери. Дубаи најави уште неколку сериозни засилувања во следниот период и дефинитивно ќе има прилично силен ростер за јадранската конкуренција.
31-годишниот Дангубиќ ја започна кариерата во Хемофарм, а потоа играше за Баерн Минхен, Естудијантес, Мега, Црвена Звезда и Партизан.