Дубаи се засили со квалитетен центар од Монако

Новиот член на Евролигата, Дубаи, донесе ново звучно засилување во своите редови. Откако успеа да го привлече српскиот репрезентативец Алекса Аврамовиќ, сега се засилува и со Мохамаду „Мам“ Жаите, кој досега настапуваше за францускиот Монако

Жаите добива двегодишна соработка со тимот од Абу Даби и се очекува да биде големо засилување за играта под кошевите. Во кариерата претходно играше за Нантер, Стразбур, Лимиож, Виртус Болоња и Газиантеп

Монако веќе пронајде замена за него, а тоа е Кевариус Хејс, кој минатата сезона ја мина во редовите на Париз Баскет

ФОТО/PHOTO: AS Monaco Basket