• Мартин Танасковски
Дубаи активно работи на ангажирање на звучно тренерско име за следната сезона, а главна желба на клубот е Пабло Ласо, пренесува „basketballsphere.com“.
Шпанскиот стратег моментално е тренер на Анадолу Ефес, но амбициозниот проект од Обединетите Арапски Емирати сака токму тој да биде лидер на новата фаза од развојот на клубот.
Дубаи имаше турбулентна дебитантска сезона во Евролига и регуларниот дел го заврши на 11. место со скор од 19 победи и 19 порази, што не беше доволно за место во плеј-ин фазата. Неуспешниот финиш доведе до разделба со тренерот Јурица Големац, а до крајот на сезоната тимот го презеде Александар Секулич.
Сепак, управата јасно покажува дека за следната сезона сака многу поискусно и поквалитетно тренерско решение, а Ласо се смета за идеален кандидат поради неговото огромно искуство и успеси на европската сцена.
Пабло Ласо двапати ја освои Евролигата со Реал Мадрид, во 2015 и 2018 година, а воедно беше прогласен и за тренер на годината во најелитното европско кошаркарско натпреварување.
