• Саше Љолес

Крилниот кошаркар на Монако, Џерон Блосомгејм, ќе биде нов член на евролигашот Дубаи. Искусниот 32-годишен крилен играч речиси сигурно ќе ја напушти екипата од Кнежевството по завршувањето на сезоната, по четири години поминати во клубот.
Се очекува Блосомгејм да потпише двегодишен договор со тимот од Обединетите Арапски Емирати, со што ќе започне ново поглавје во кариерата.
Зад него е една од најдобрите сезони во кариерата, во која бележеше солиден учинок (10,3 поени и 2,3 скока по натпревар) и беше важен дел од ротацијата на Монако.
Со неговото заминување, се најавуваат дополнителни промени во составот на Монако, додека Дубаи продолжува со засилувањата и градењето амбициозен тим за иднината.




