Дубаи продолжува со засилувањата, пристигна квалитетен дански центар

Амбициозниот кошаркарски клуб Дубаи продолжува да го гради тимот за новата сезона, а најново засилување е данскиот центар Дејн Ерикстрап.

23-годишниот кошаркар висок 212 сантиметри пристигнува од Гронинген, каде минатата сезона имаше одлични бројки во заедничката лига на Белгија и Холандија - просечно 18,4 поени, седум скока и две асистенции по натпревар. Особено се истакна со шутот за три поени, со успешност од 37 проценти.

Дубаи летово активно го засилува тимот, а веќе пристигнаа играчи како Џарон Блосомгејм, Ели Окобо, Мамади Диаките и Девион Минц. Од друга страна, клубот се раздели со неколку кошаркари, меѓу кои и српскиот репрезентативец Алекса Аврамовиќ.