• Горан Упале
Дубаи почна да го гради тимот со кој следната сезона ќе се натпреварува во АБА лигата. Засега и официјално знаеме дека тренер е Јурица Големац, а сега добро информираните медиуми јавуваат дека Дубаи веќе договорил сè со тројца кошаркари.
Покрај доскорешниот бек на Партизан, Данило Анѓушиќ, во Дубаи ќе се пресели и искусниот словенечки шутер Клемен Препелиќ, како и долгогодишниот евролигашки кошаркар Авуду Абас. Доколку оваа информација се покаже како точна, Дубаи би бил првиот клуб на Абасу надвор од Италија во неговата кариера. Искусното крило, со корени од Гана, ја започна кариерата во Канту каде играше шест години. Потоа помина две сезони во Олимпија Милано, па две во Бреша, а претходните четири настапуваше за Виртус.
Што се однесува до Клемен Препелиќ, овој 31-годишен Словенец, откако играше за неколку екипи во својата татковина, се пресели во Банвит, па во Олденбург, Лимож и Левалоа, па една година играше и за Реал Мадрид. По Хувентуд и Валенсија дојде во Цедевита Олимпија, а минатата сезона ја заврши во Галатасарај.