Дубаи остана максимален и прв го победи Партизан во АБА

Кошаркарите на Дубаи му го нанесоа првиот пораз на Партизан (82-70) во петтото коло на АБА лигата. 

Домашната екипа во „Кока кола Арената“ во Обединетите Арапски Емирати беше подобар противник во вториот дел и тогаш го реши мечот во своја корист. Стартот беше израмнет, а по првиот дел Партизан имаше минимално водство (41-43). 

Во третата четвртина поведоа Србите со 44-50, а потоа им се случи катастрофа. Дубаи направи серија од 22-5 со која двоцифрено поведе и се одлепи, а потоа рутински ја заврши задачата. 

До победата Дубаи го водеа Бејкон и Петрушев со по 16 поени, додека Кондиќ уфрли 14. Во таборот на Партизан се истакна Паркер со 10.