• Саше Љолес
Новиот член на АБА лигата, екипата на Дубаи, официјално се засили со ново име кое се очекува да биде големо засилување за плејмејкерската позиција.
Откако потпиша договор со Давис Бертанс, Дубаи го доведе во своите редови и Ајзеа Тејлор, поранешен кошаркар на Анадолу Ефес и Жалгирис. Тимот од Обединетите Арапски Емирати има големи амбиции за првата сезона во јадранското друштво, а тоа го докажува и со квалитетните имиња кои успеа да ги донесе во својот состав.
Ајзеа Тејлор минатата сезона играше за кинескиот Жанжи Лајонс, каде просечно бележеше по 12,4 поени и 5,5 асистенции. Во Евролигата настапуваше две години и оствари учинок од 5,7 поени по натпревар.

