• Саше Љолес
Кошаркарите на Будуќност се изборија за „мајсторка“ во полуфиналето на АБА лигата, триумфирајќи над Дубаи во вториот натпревар од серијата, со конечен резултат 91-90.
Црногорскиот претставник се избори за тешка победа, затоа што Дубаи прикажа извонредна кошарка и на моменти се чинеше дека може да ја заокружи серијата со евентуална победа во Подгорица.
Домаќинот водеше со 46-42 на паузата меѓу двете полувремиња, а потоа ја одигра најдобрата четвртина (третата), создавајќи предност од дванаесет поени во пресрет на последниот период.
Дубаи влезе силно во завршната четвртина, ја зацврсти одбраната и постигна 25 поени, но четиринаесетте на Будуќност беа доволни за минимален триумф на крајот. Имаше Дубаи на крајот дури и можност да победи, но шутот од тешка позиција на Џастин Андерсон остана без реализација. Најдобар поединец на мечот беше Мфионду Кабенгеле со 25 поени и седум скокови, а во редовите на Будуќност, шеснаесет поени постигна Рашид Сулаимон.
Одлучувачкиот натпревзр во оваа полуфинална серија ќе се одигра на 28 мај. Прв финалист во регионалното натпреварување е екипата на Партизан.



