Дубаи го засили ростерот со еден од најдобрите кошаркари на Монако

Кошаркарскиот клуб Дубаи официјално го потврди ангажманот на францускиот бек Ели Окобо, кој потпиша долгогодишен договор и се очекува да биде солидно засилување за тимот. 

Окобо пристигнува од Монако, каде што настапуваше во изминатите четири сезони и беше еден од клучните играчи во најуспешниот период во историјата на клубот. Со Монако двапати играше на завршниот турнир од Евролигата и освои три шампионски титули во Франција.

Во сезоната 2025/26, 28-годишниот плејмејкер во Евролигата имаше просек од 11,2 поени и 4,9 асистенции на 42 натпревари, а Монако успеа четврта сезона по ред да избори место во плејофот.

Пред да се пресели во Монако, Окобо настапуваше за Елан Шалон, Феникс Санс во НБА лигата, како и за францускиот Асвел.