• Мартин Танасковски

Грузискиот кошаркар Торнике Шенгелија и официјално е нов член на Дубаи, каде ќе настапува во сезоната 2026/27.
Трансферот беше потврден кратко откако Барселона објави дека ја прекинува соработката со искусниот крилен центар. Иако имаше важечки договор со каталонскиот клуб до јуни 2029 година, Шенгелија сам ја активирал откупната клаузула, платил речиси еден милион евра за предвремен раскин на договорот.
Во единствената сезона во дресот на Барселона, 34-годишниот Грузиец одигра 78 натпревари, од кои 34 во Евролигата и 40 во шпанската АЦБ-лига. Во елитното европско натпреварување бележеше просек од 12,4 поени и 4,6 скока по натпревар, додека во домашното првенство имаше просек од 11,2 поени.
Со висина од 206 сантиметри, Шенгелија пристигнува во Дубаи по 13 последователни сезони во Евролигата, во која настапуваше за пет различни клубови
