ВИДЕО: „Дрим-тимот“ победи, но „магијата“ на Теодосиќ ги остави во бунило НБА ѕвездите

Синоќа бевме сведоци на спектакулaрен кошаркарски натпревар во Рио, меѓу скапите НБА ѕвезди и селекцијата на Србија. „Дрим-тимот“ забележа тесна и среќна победа од 94-91, но цел свет зборува за магjите, кои ги направија српските кошаркари. Најпрво целиот тим си поигра со одбраната на САД, а потоа еден од најдобрите плејмејкери на светот Милош Теодосиќ со феноменална асистенција од зад грб ги остави во бунило НБА кошаркарите.